Темпера со видео за последниот сингл „Дојди”!

Written by on јуни 11, 2020

Македонскиот музички бенд „Темпера“ со видео за „Дојди”, повикуваат на „весел исход и неконтролиран бој“ како одговор на новата реалност.

Ова е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум „Играј”.

Ова е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон.

Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.

Снимена и продуцирана во Тралала студио.

Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас гитара.


Current track

Title

Artist