Театар за еден – и со и без коронавирус

Written by on март 25, 2020

 

Завесата се крева, оркестарот почнува да ја свири увертирата на операта „Евгениј Онегин“ на Чајковски. Во аудиториумот од 850 седишта на рускиот театар во Перм седи само еден гледач – победник на лотарија, чија награда е – изведба само за него.

Со забраната за примање публика поради пандемијата со коронавирусот, театарот во Перм, мал град во близина на планината Урал, планира единствен експеримент – приватни изведби на балетски и оперски претстави по цена на билетот идентична како и за групно гледање.

Проектот, насловен „Еден на еден“, е идеја на Марат Гацалов, директор на Операта и Балетот во Пермскиот театар. Идејата претходела на пандемијата со коронавирусот, која ги затвори театрите, музеите и другите културни институции ширум светот во настојување да се задржи публиката дома и да се овозможи – социјалното дистанцирање.

Но, кога локалните власти на Перм, индустриски град со репутација на културен центар, објавиле дека публиката на сите изведби привремно се одлага, Гацалов сфатил дека тоа е вистинско време за неговиот експеримент.

-Препорачано е да не примаме гледачи во салата, но тоа не значи дека не можеме да примиме само еден гледач – вели директорот на Пермскиот театар.

 

Планот за приватни изведби доби многу публицитет во националните медиуми и од културните менаџери како нов начин да се одржи интересот за театарските изведби кај публиката.

-Си мислев колку често седам сам во публиката и ги гледам пробите, сфаќајќи колку посебно е тоа чувство – и за посматрачот во публиката и за изведувачите на сцената – вели Гацалов.

Додека мерките во Русија за спречување на ширењето на коронавирусот се прошируваат, проектот „Еден на еден“, кој требаше да се отвори со опера на Пучини на крајот на март, ќе биде одложен.

-Ќе го стартуваме проектот без оглед што ќе се случува со коронавирусот. Дури и да заврши пандемијата, ние ќе ги спроведеме овие индивидуални изведби – вели директорот на театарот.

Лотаријата ќе функционира на овој принцип – 850 луѓе се пријавуваат за секое шоу, опера, балет или концерт, сеедно, а победникот е селектиран и поканет да си купи билет по нормална цена, а да гледа сам од салонот.


Current track

Title

Artist