Тамара со најубав роденденски подарок за себе -„Rise“!

Written by on јуни 1, 2020

Тамара Тодевска, на 27 мај, на фреквенцијата на радио Бубамара, ја промовираше својата нова песна „Слобода“, со која всушност го најави издавањето на нејзиниот трет по ред албум, кој треба да биде готов до крајот на летото.

Автор на музиката е Роберт Билбилов, текстописец е Игор Џамбазов, а аранжманот е на Дарко Димитров.

„Слобода“ е прва песна на македонски јазик, а беше најавено дека ќе има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.

Денес Тамара полни 35 години, а својот роденден таа самата си го честиташе токму со англиската верзија „Rise“.


[There are no radio stations in the database]