Тамара во новата песна открива кој е нејзиниот „Порок“!
Written by Р.Б. on јули 11, 2021
Тамара Тодевска на Јутјуб каналот на Урбан Рекордс ја промовираше новата песна и видео записот за „Порок“.
Песната е во нејзин поп стил, но овојпат со примеси на трап.

Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски.
Спотот го изработија Били Д и Гордан Божиновски, како модел се појавува Имам Тотиќ, снимен е во студио во Скопје, а за стајлингот на Тамара се погрижи Игор Марков.