Тажна вест од семејството Кочовски-почина Невена Кочовска, музичката дива и вокалистката во групата ,,Мањифико”

Written by on август 25, 2022

Денеска на 81-годишна возраст почина Невена Кочовска, легендарната вокалистка на групата „Мањифико”, еден од најпопуларните ансамбли кај нас.

„Мањифико” беше познат по обработките на латино-американските хитови, но и староградски македонски песни. Тие постоеја 30 години, гостуваа во многу земји, снимија голем број албуми, а нивните изданија се продаваа во златни тиражи. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот.

Ансамблот ’Мањифико‘, со своите до перфекција доведени изведби, е редок пример за професионалност, талент и уметничка креативност, но и доказ за отвореноста на македонскиот дух кон светските уметнички вредности, каква што е и латиноамериканската и шпанската музика“, напиша музикологот Ванчо Димитров кој будно ја следел кариерата на ансамблот.

Македонската музичка дива подолго време боледуваше од Алцхајмер, а пошироката јавноста за дијагнозата дозна откако нејзините славни ќерки, Тања и Лидија Кочовски, побараа помош на социјалните мрежи кога пред две години исчезна.

Да потсетиме дека во 2017 година Панче и Невена Кочовски последен пат настапија заедно со своите ќерки Тања и Лидија , кога добија и награда за животно дело на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста”.


[There are no radio stations in the database]