СУПЕРХИКС со нов хит!
Written by Р.Б. on јули 5, 2022
Нов хит на Суперхикс насловен „Крута“ |

Суперхикс Банда Инструментале – бенд кој скоро 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута“. Синглот е снимен во текот на месец јуни оваа година во студиото ТРА ЛА ЛА на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на Суперхикс кои публиката со нетрпение ги чека.
Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија.