„Спомени“ од Горан Папаз и Танче Гроздановски
Written by Р.Б. on март 29, 2019
„Спомени“ е новиот сингл, a воедно и најава, за новиот проект на дуото Горан Папаз и Танче Гроздановски.
Се работи за емотивна и елегична мелодија која е инспирирана од убавите моменти кои им се случувале во минатото, на двајцата музичари. Одсвирена е само од саксофон и гитара.
Автор на музиката е Горан Папаз, а за аранжманот и продукцијата се погрижи Танче Гроздановски.
Папаз и Танче, инаку во меѓувреме го подготвуваат новиот проект кој ќе носи наслов “Елегија”, на кој ќе се најдат десетина композиции, авторски и преработки на изворни елегични македонски песни.
Албумот треба да биде готов ова лето, на него на пијано ќе гостува маестро Иван Еминовиќ, диригент при Македонска Опера и Балет.
Видеото за „Спомени“ е изработено од страна на Мега Продукција, под режисерската палка на Ѓоко Наумовски.