Спектакуларен концерт на “Танец“ и Влатко Стефановски во Хераклеја

Written by on јули 28, 2022

Синоќа, во Битола, во амфитеатарот во античкиот град, Хераклеја Линкестис, во рамките на “Илинденски денови“ и “Бит фест“ концерт одржаа двата големи уметнички бренда Танец и Влатко Стефановски.

Музичарите на “Танец“ заедно со Влатко ја делеа сцената на големиот концерт, за кој аранжманите на антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии на „Елено, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, специјално ги напиша познатиот македонски композитор, аранжер и инструменталист, Дамир Имери.

Оваа врвна фузија, од која излезе уникатно парче музика, битолчани имаа прилика да го слушаат и да уживаат во него повеќе од два часа.


[There are no radio stations in the database]