Влатко го испрати Оливер со „Магдалена“ – незаборавен концерт во Охрид

Written by on август 3, 2018

Извонредно и супер квалитетно музичко уживање приреди виртуозот на гитара Влатко Стефановски на Античкиот театар во Охрид.

Спроти празникот Илинден беше вистинско уживање да се биде на древната охридска арена да се гледа концерот на Влатко и пријателите: Биља Крстиќ од Србија, Теодоси Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата Љубојна од Македонија.

фото: Роберт Атанасовски

Од „Абер дојде Донке“ за почеток до „Чукни во дрво“ за крај, музичкото патување со Влатко и со неговите гости понуди безброј аплаузи, овации и изненадувања. Сепак, тоа што на старт го вети, дека ќе не забавува и ќе не развесели, од него сите го очекувавме и го добивме.

фото: Роберт Атанасовски

Тешко е да се рече дали беше поинтересен неговиот „натпревар“ со гостинката од Србија, Биља Крстиќ во тоа кој подобро ќе го отпее-отсвири „Калајџиско оро“ или Влатко во трио со Теодосиј Спасов од Бугарија и Танос Ставридис од Грција, или пак нежната „Елено ќерко“ која беспрекорно ја испеа Верче а ја отсвирија со Оливер од групата „Љубојна“ . Глас кој стоплува и заледува истовремено е секако оперската дива Весна Ѓиновска- Илкова, во „Македонско девојче“, „Учи ме мајко, карај ме“ и „Con Te Partiro“.


Current track

Title

Artist