Симпсонови предвидуваат: Откриваат кој ќе игра во финалето на Мундијалот!
Written by Р.Б. on јуни 28, 2018
Обожавателите на Симпсонови се уверени дека култната серија го предвидела финалето на Светското првенство во Русија.
На интернет се појави краток исечок од една епизода од Симпсонови во која семејството гледа најава за финалето на еден спортски натпревар.
Барт е лут на таткото Хомер бидејќи никогаш не ги однел на голем фудбалски натпревар, а на телевизија одела најава за големото финале во кое ќе учествуваат репрезентациите на Португалија и Мексико.
Твитер е полн со објави на обожаватели кои се уверени дека пророштвото од серијата повторно ќе се оствари, како што беше случај со настапот на Лејди Гага на финалето на Супербоул или претседателската кандидатура на Доналд Трамп.
Оние пак кои не се фанови на „предвидувањата“ на култната анимирана серија велат дека не може секоја глупост од серијата да се смета за вистинита. Но, како и да е, репрезентациите на Португалија и Мексико ја поминаа групната фаза на СП во Русија, така што оваа теорија и понатаму останува во игра.