СИМОНА ПОПОВСКА СО НОВА ПЕСНА ВО ДУХОТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ НОВОГОДИШНИ ПРАЗНИЦИ!

Written by on декември 13, 2021

Таа е една од најдобрите женски вокали кај нас, повторно актуелна со нови синглови. После песната на англиски јазик “Feel so good”, Симона ни спреми уште едно музичко изненадување по повод Нова Година и претстојните новогодишни празници. Се работи за специјална новогодишна песна насловена -“За Нова Година“.

Песната е на продуцентот и Дј Ерик Фокс, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Пратечките вокали ги отпеа Рената Кралевска, а гостин на саксофон Љупчо Џедомирски.

-Драги мои од срце ви го подаруваме ова парче, сите заедно да ги сплотиме нашите желби, за подобро утре, година без пандемија, нека биде нов почеток “ЗА НОВА ГОДИНА“, порачува Симона.


[There are no radio stations in the database]