Сергеј Четковиќ се враќа на музичката сцена со куфер („Кофер“) полн со изненадувања

Written by on мај 30, 2021

По речиси една година од објавувањето на синглот „Вратиле се птице“, Сергеј Четковиќ се враќа на музичката сцена со куфер полн со изненадувања за публиката, подготвен да продолжи таму каде што застана во одбележувањето на големиот јубилеј – 20 години од неговата кариера.

Еден од најпопуларните текстописци во регионот ги искористи изминатите месеци да работи на нов, седми по ред, студиски албум кој публиката може да го очекува на есен.
Токму премиерата на песната „Кофер“, по која е именуван албумот, отвора ново поглавје во кариерата на Сергеј и претставува поинаков израз на овој уметник кој на публиката ќе и ја донесе можеби најзрелата и најавтентичната музичка приказна досега, со нов звук и песни што се разликуваат и сигурно ќе ги изненадат слушателите.
Текстот и музиката на новиот сингл ги потпишува самиот Сергеј, додека за аранжманот беше задолжен Махир Сарихоџиќ (Long play студио, Сараево), инаку продуцент на Дино Мерлин. Видеото е во продукција на НН Медиа и е снимено на многу специфичен начин, во необичен амбиент и носи возбудлива и емотивна филмска љубовна приказна. Режисер е Немања Новаковиќ, а директор на фотографија е Лазар Богдановиќ.


[There are no radio stations in the database]