Северина ја објави новата песна „Верувам во Бог“
Written by Р.Б. on декември 9, 2022
Хрватската поп-пејачка Северина ја објави новата песна за која текстот го напиша Дино Мерлин.
„Успешна сум да преживеам бродоломи. Стопати кога ќе ме скршат, ме растргнуваат на атоми. Ти дадов сè, дури и она што не требаше. Каква будала, каква будала испаднав“, е дел од текстот на песната.
Музиката е на Филип Милетиќ, а Дино Мерлин се обиде да наслике сегменти од животот на Северина како што тој најдобро знае и умее.