Северина со нова балада посветена на синот!
Written by Р.Б. on ноември 4, 2019
Северина денес го објави новиот сингл „Родено мое“, сингл кој беше најавуван како нејзина најемотивна и најубава балада што во животот ја испеала.
Тоа го велат нејзините соработници, а со тоа се согласува и таа самата, при тоа додавајќи и дека новата песна, која инаку е посветена на нејзиниот син Александар, е за неа и најубавата песна до денес.
Песната ја напишал ова лето нејзиниот долгогодишен соработник – композиторот Милош Рогановиќ, кој вели дека Северина од него побарала да напише убава емотивна песна.
Премиерата на оваа песна во живо, ќе биде на претстојната турнеја на Северина, која започнува на 16 ноември од Сплит и продолжува на 23 ноември во Белград, 7 декември во Загреб, 21 декември во Љубљана.