Северина го најави новиот албум со дует со Азис

Written by on март 31, 2022

Долгоочекуваниот нов албум, хрватската поп-пејачка Северина го најави со синглот „Фалиш ми“ на кој првпат сорабоува со бугарскиот пејач Азис.

„Кога ми беше предложен Азис, знаев дека тоа ќе биде мал чекор за него, но голем за оваа песна што и докажа со својата изведба. Откако почна да се создава песната, Азис беше со нас во мислите и мило ми е што ми се придружи. Знам дека долго ја очекувавте новата песна и ми недостасувавте. Се надевам и јас на вас“, изјави Северина.

Автор на музиката, текстот и аранжманот е Филип Милетиќ, кој е композитор и музички продуцент на целиот нов албум на Северина, додека спотот е дело на режисерот Немања Новаковиќ.


[There are no radio stations in the database]