Светска премиера на Бубамара – Битолчанец од Данска ги спојува балканскиот бит и модериот урбан звук
Written by Р.Б. on април 26, 2023
Светската премиера на „Popo goes Balkan“ од данскиот музичар со битолски корени Бјонко ќе се одржи утре, 27 април во 11,55 на Бубамара радио, еден ден пред да се појави во Данска и на сите други стриминг платформи.
Бјонко е кларинетист и саксофонист од Копенхаген, Данска, со корени и од Битола, кој повеќе од две декади ги стилизира и испорачува, главно на скандинавската музичка сцена, „дивите и моќни балкански ритми“, кои во неговата музика се искомбинирани со современите меинстрим жанрови – рок, хип хоп, поп, џез.
Жител на Копенхаген, Бјонко последниве години станува фронтална фигура на нордиската балканска сцена. Заедно со група музичари, учествува на престижни фестивали и на реномирани концертни сцени, а неговите единствени шоуа постојано прибираат позитивни критики и регрутирата нови поддржувачи.
Во 2014, Бјонко бил номиниран за Данските музички награди во две категории – најдобар албум и најдобар меѓународен композитор. Во 2015 ја доби Данската музичка награда за најдобар концерт.
Неговиот прв соло албум „Running Horses“ е објавен во 2015, а во мај 2017 го објави и следниот – „Army Of Believers“.
Композицијата „Popo goes Balkan“ е негово прво претставување на домашната музичка сцена.