Светот се збогува со Арета Френклин

Written by on август 17, 2018

Арета Френклин, „кралицата на соулот“, која стана првата жена примена во Халата на славните на рокенролот, почина во Детроит на 76-годишна возраст.
На легендарната пејачка во 2010 година ѝ беше дијагностициран рак и минатата година објави дека се повлекува од музиката.

Френклин, чија кариера опфати седум децении, освои 18 награди Греми и е првата жена која беше примена во Рокенрол халата на славните во 1987 година. Таа остави непроценливо наследство зад себе и речиси да нема пејачка која денеска не ја истакна како своја инспирација.

Претседатели, музички легенди, холивудски ѕвезди и други јавни личности ѝ се наклонија на Арета Френклин, кралицата на соул музиката и вистински уникатен вокал.

Последниот настап го имаше минатиот ноември, на гала во Њујорк, одржана во знак на поддршка на фондацијата „Елтон Џон еидс“.

Сер Елтон Џон на Инстаграм напиша: „Загубата на Арета Френклин е удар за сите што ја сакаат вистинската музика. Музика од срцето, душата и црквата. Нејзиниот глас беше уникатен, нејзиното свирење пијано потценето… Ја обожавав неа и му се поклонував на нејзиниот талент. Бог нека ја благослови. Моето сочувство до сите нејзини роднини и пријатели.“

Ени Ленокс рече: „Таа владееше неприкосновено и секогаш ќе биде меѓу највисоките ѕвезди на небото како најистакнатиот вокалист, изведувач и снимател што светот некогаш бил привилегиран да го има.

„Тешко е да се замисли светот без неа. Не само што беше уникатно брилјантна пејачка, туку и нејзината посветеност на борбата за човекови права имаше големо влијание врз светот“, изјави Барбра Стрејсенд.

„Ќе ни недостигаш, кралице“, напиша Опра Винфри на Твитер.


Current track

Title

Artist