Сара Мејс co нова песна и нов спот!
Written by Р.Б. on септември 11, 2018
Сара Мејс го претстави најновото видео за песната „Црна капина“.
Песнава е според мене една од најубавите на албумот„Floating through space with Sarah Macе“, вели Сара Мејс.
Видеото претставува модерен пристап на едноставна анимација на урбани елементи и одредени традиционални симболи (следејќи го текстот на песната), дел од нив се цртежи нацртани од Дарко Петковски, збогатени и дополнети со живописни нијанси и скеч техника. Потпишана зад неговата реализација од А до Ш стои Љупка Андоновска.