Роберт Билбилов и Лара Иванова снимија дует: Слушнете ја „Јас против целиот свет“

Written by on јули 28, 2022

Познатиот пејач и композитор Роберт Билбилов направи уште едно ремек-дело, но овојпат го зачува за себе, односно го отпеа во дует со младата пејачка Лара Иванова.

Песната носи наслов „Јас против целиот свет“, а автор на музиката и аранжманот е токму Роберт, додека како текстописец се потпишува Робин Зимбаков.

Роберт и Лара за нивната дуетска песна снимија и интересен видеоспот во режија на Ѓорѓи Вацев…

Новиот хит на Роберт и Лара можете да го слушате како хит на Радио Бубамара.


[There are no radio stations in the database]