Раде Шербеџија за новиот албум и за новата нормалност

Written by on јануари 13, 2021

Шансониерски дух, важни пораки за љубовта и пријателството, опуштено расположение, на моменти мрачно преиспитување на животот… Тоа е Раде Шербеџија на новиот албум „Ne okreci se, sine“, кој во издание на Кроација Рекорд се појави на 22 декември. Минатата недела веќе беше прв по продажба на хрватскиот музички пазар. Шербеџија не ја крие возбудата поради тоа.

-Да беше некоја актерска награда во прашање немаше толку да се фалам, ама ова навистина многу ми значи – вели Шербеџија во ексклузивното интервју за Бубамара радио, објавено денес на пладне на 105,2.

Објаснувајки го процесот на создавање на овој албум, Шербеџија вели дека од секогаш се занимавал и со музика, но дека за „Ne okreci se, sine“ првпат до крај се трудел за секоја песна и дека овој албум е музички и интерпретациски најдобро нешто што во музичка смисла досега го направил. Иако за некои песни имал голема трема.

-Кога Хус (Хусеин Хасанефендиќ, еден од основачите на „Парни Ваљак“, з.н.) ја напиша „Ето пјесма“ за мене, јас имав толку трема, што не можев точно да отпеам ниту една нота. А, никогаш сум немал трема, ниту кога го играв Хамлет на Ловријенац, ниу кога играв во Холивуд со најголемите ѕвезди, ама ете имав пред Хус, стариот рокер – вели Шербеџија.

Оние кои го познаваат велат дека големиот мајстор на актерската игра сега сака со музиката да ја постигне популарноста што веќе одамна ја има стекнато како глумец.

-Никогаш не поставував цели и планови во животот, отсекогаш животот ми почнува со новиот ден и ми завршува таа ноќ. И така секој ден. Уживам во оваа работа.

Во интервјуто тој зборува и за пријателите, за отпејаните дуети, за животот на денешницата и за промените кои секој ден се случуваат, како и за ситните мали задоволства кои ни причинуваат големи радости. Риболовот, на пример.

Слушајте го целосното 45-минутно интервју на Шербеџија на овој линк.

 

 


Current track

Title

Artist