“Прст на судбината“ – Давид Темелков за новата песна сам го режираше спотот

Written by on ноември 29, 2021

Mакедонскиот пејач со загрепска адреса Давид Темелков деновиве ја промовира новата песна „Неутјешна глад“ или „Прстот на судбината“ во македонската верзија. Заедно со песната, за која стиховите ги напиша Драгиша Баша,  а музиката и аранжманот Миро Буљан, песната доби и спот, чија речиси целосна продукција, од сценариото до режијата, ги направи Давид.

-Овој пат така ми се паднаа картите – да бидам и сценарист и режисер на спотот – вели секогаш насмејаниот Давид, алудирајки при тоа на опасната партија карти за која зборува и видеото на неговата нова песна.

-Видеото го снимавме на истиот простор на кој 10 дена пред нас заврши снимањето на една продукција на Нетфликс, поради што морав да бидам на нивото на задачата – се смее Давид.

За Давид Темелков првпат слушнавме во 2015 кога настапи на Икс фактор Адрија, каде го забележа Тони Цетински. Оттогаш Давид работи на релација Скопје – Загреб, а поради моќниот вокал и заразната насмевка многумина во него гледаат наследник на Тоше Проески.

Годинава на концерт во Нова Градишка Давид ја запроси Елена Јунг, водителка на хрватската телевизија ЦМЦ, па можеби оваа силна доза на креативна енергија во и околу него се должи и на овој среќен настан.

-Благодарен сум што имам прекрасно семејство, прекрасни соработници и прекрасна личност крај себе. Тие се најголемото богатство што може да се има – вели Давид.

Во рамки на регионалната промоција, премиерата на песната „Прстот на судбината“, заедно со промотивниот разговор со Давид Темелков, слушајте ги на 30.11. на пладне на 105,2.


[There are no radio stations in the database]