Промовирана песната „Green Forces“ со која Кики, Наташа, Филип и Миха ќе ја претстават Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Париз!

Written by on ноември 12, 2021

Минатиот месец ја споделивме информацијата дека децата од популарната емисија „Дајте Музика“ се избрани од МРТВ да ја претставуваат Македонија на Детската Евровизија. По првичната информација, накнадно беше соопштено дека Кристина, Анастасија, Миха и Филип се избрани да патуваат за Париз, Франција, на Junior Eurovision, закажан за 19 декември, во центарот La Senie Musicale. И тоа не беше се, тие го открија и името на песната што ќе ја пеат. Станува збор за песна насловена „Green forces“.

Песната која има универзална порака за планетата земја, беше промовирана вечерва. Автор на музиката е Роберт Билбилов, а текстот е дело на Робин Зимбаков.


[There are no radio stations in the database]