Пријателите и публиката концертно се збогуваа од Аки Рахимовски

Written by on март 27, 2022

Концертот, насловен „Ваљак и пријателите: Доволно е да се рече… Аки“, одржан во саботата во арената „Загреб“, помина како силен емотивен момент, во кој членовите на групата „Парни ваљак“, нивните пријатели и публиката на сцената се простија од Аки Рахимовски.

Кристијан Кики Рахимовски, синот на прерачно починатиот Аки, ја поздрави публиката со зборовите: „Добродојдовте на прославата на животот на мојот татко, пејте ја со нас – секоја песна“.

Така и се случи. Публиката во Арената, преполна како во најдобрите предпандемиски времиња, заедно со пријателите на Аки и на „Парни ваљак“ ги пееше хитовите, кои остануваат во колективното паметење на сите обожаватели на групата. На концертот настапија: Нина Бадриќ, Масимо Савиќ, Бајага, Нено Белан, Џибони, Давор Гобац од „Психомодо поп“ и др.

Фото: Саша Хузјак

Илјадниците посетители во докрај исполнетата арена „Загреб“ ги отпеаја повторно заедно најголемите хитови на „Парни ваљак“ во чест на човекот, чија сценска појава, глас и непресушна енергија го профилираа во изминатите децении како еден од најдобрите фронтмени и рок-пејачи во поширокиот регион.

Сите други концерти од претходно најавената турнеја годинава се откажани.


[There are no radio stations in the database]