Пристигна втората песна на SAP brothers

Written by on мај 26, 2021

Ако ве заинтригира првото појавување на браќата Сапламаеви со песната „Љубов си ти“, тогаш нивната втора песна, објавена вчера, сигурно ќе ве израдува.

Музиката и аранжманот на „Шизни си“ ги напишаа Влатко и Бранко Сапламаеви на текст на Тино Костадинов, младиот актер на театарот „Комедија“.

Првата песна на SAP brothers беше посветена на нивниот пес Арон, кој ја имаше главната улога и во шармантното видео, а вторава е посветена на братското сојузништво и во забавното видео настапуваат, покрај Влатко и Бранко, и ветераните на театарската сцена Кирил Андоновски и Лазар Бараков. Комплетниот ангажман околу видеото за „Шизни си“ е на Ѓорѓи Вацев.

Bраќата Сапламаеви се дипломирани музичари од Богданци, кои веќе имаат учествувано во повеќе групи – до моментот кога одлучија да градат самостојна кариера. Кога лани се појави „Љубов си ти“, најавија дека имаат седум уникатни приказни кои наскоро ќе и ги претстават на публиката. „Шизни си“ е втората.


Current track

Title

Artist