Премиера на новата песна на Владо Јаневски на Бубамара радио

Written by on февруари 21, 2022

Новата песна „Ненормален“ на Владо Јаневски премирно ќе биде емитувана утре, 22.02. 2022, во 12 часот на програмата на Бубамара радио.

Ова е регионална премиера на „Ненормален“, со која Владо Јаневски го најавува новиот албум, кој ќе се појави следниот месец во издание на Кроација рекордс.

Песната е љубовна балада, снимана во Скопје и во Загреб, во аранжман на Никша Братош и Валентино Скендеровски. И целокупниот материјал на новиот албум е работен на релација Скопје-Загреб и го носи препознатливиот романтичен дух на музиката на Владо Јаневски, но со нов, модерен призвук.

Синглот „Ненормален“ само за вас, утре на пладне – премиерно на 105,2.

Бидете први во задоволството – на преслушувањето.


[There are no radio stations in the database]