По 6 години пауза – Кики Лесендриќ и „Пилоти“ со нов албум

Written by on септември 30, 2022

Дванаесетиот студиски албум на Кики Лесендриќ и „Пилоти“ излезе деновиве по 6-годишна пауза во издание на „Кроација рекордс“. Албумот „Мали трагови на небото“ претставува десет нови песни, подготвувани во последниве три години.

-Задоволен сум, особено затоа што секоја од овие 10 песни е некако поврзана со наредната. Се надевам дека меѓу нив ќе има и некој хит кој ќе го помине тестот на времето – вели Лесендриќ.

Со звукот и со приказните од овој албум, Лесендриќ очекува кај слушателите да разбуди носталгија за некои поубави времиња. Песните зборуваат за пријателството, разделеноста и љубовите, всушност за се што остава „мали траги на небото“, како што е насловен и албумот.

Лесендриќ не брка хиперпродукција и го интересира, како што вели, само квалитетот, поради што и овој албум беше толку долго подготвуван.

-Не снимам постојано по нешто, туку се препуштам на инспирацијата и се појавувам само кога сум сигурен дека имам да кажам нешто ново и квалитетно – вели Лесендриќ, кој и онака е познат како голем перфекционист.

За сите песни се изработени и посебни видео-клипови со нивните текстови, додека за песната „Негде длабоко во мене“ е снимен и спот, достапен на официјалниот Јутуб канал на Кики Лесендриќ.


Current track

Title

Artist