По 22 години „Ласт експедишн“ се вратија со нов сингл
Written by Р.Б. on февруари 19, 2019
По цели 22 години издавачка апстиненција , култниот рокенрол состав „Ласт експедишн“ се враќаат со нов сингл.
Песната „Хеј хо“ , авторски ја потпишува Енко, аранжманот е на бендот, а истата е снимена во студиото “Тралала“ на Мите Димовски.
Новата песна има и нов видео запис во режија на Дарко Антоновски.
“Ласт експедишн“ е формиран во 1985 во скопско Ѓорче Петров.
Досега имаат четири албуми – „Интро“, „Изгубени ликови“, „Бокс“ и „Лајв А1“.
Во актуелниот состав на групата членуваат Енко (вокал), Сецко (гитара), Салпе (гитара), Драган Стојковски (бас) и Сашко Костов (тапани).
Во студиската сесија, басот го сними Славчо Пеев.