По постхумно објавената песна на шведскиот ди-џеј Авичи, најавена и официјална биографија
Written by Р.Б. on мај 2, 2019
На Јутјуб минатиот месец се појави нова песна на починатиот шведски диџеј Авичи, со наслов „SOS“, која што е дел од постхумниот албум, најавен за 6 јуни годинава.
Под видеото љубителите не престануваат да оставаат емотивни пораки за прерано починатиот музичар.
Всушност, и самото видео е составено од коментари на обожаватели.
Вокалот е на Алое Блак, со кого Авичи соработуваше и во својот можеби најголем хит – „Wake Me Up“.
Во меѓувреме за следната 2020 година е најавено дека ќе биде објавена официјалната биографија за шведскиот продуцент.
Автор на биографијата ќе биде наградуваниот шведски новинар Монс Мосесон, а сите приходи од продажбата ќе бидат наменети за Фондацијата Тим Берглинг, која неговото семејство ја основаше со цел да им помогне на сите што имаат проблеми со менталното здравје.