Почитувачите на Аки Рахимовски го одбележаа неговиот постхумен роденден

Written by on јуни 5, 2022

Денешниот 5 јуни е 67-от постхумен роденден на легендарниот фронтмен на групата „Парни ваљак“ – Аки Рахимовски.

Роден на денешен ден 1955, Аки почина на 22 јануари годинава, оставајки зад себе неверојатни 19 студиски албуми, снимени со групата „Парни ваљак“, и уште неколку компилациски и снимени во живо. Многу од овие песни се вброени во антологијата на најдобрите песни на екс-ју сцената и на современата хрватска музичка сцена.

Неговиот роденден денес на различен начин го одбележаа многу пријатели на Аки и почитувачи на „Парни ваљак“.

-Како што некои сеќавања никогаш не бледнеат, така и некои таги никогаш не исчезнуваат – вели една од пораките на фан-страницата на „Парни ваљак“ во спомен на денешниот роденден на Аки.

– Денес би славеле роденден, негде на пат, би зборувале за концертот од претходната вечер, би се подготвувале за Пула. Вака, ќе запалиме уште една свеќа за тебе. Невозможно е колку недостасуваш – се вели во објавата на БАБА продукција.

Аки почина во пресрет на новата турнеја, која ја планираше групата „Пaрни ваљак“ летово низ екс-ју просторите. Минатиот месец, постхумно му е доделена и хрватската дискографска награда „Порин“ за животно дело.


Current track

Title

Artist