Почина Шон Конери – легендарниот Џемс Бонд!
Written by Р.Б. on октомври 31, 2020
Прославениот шкотски актер Шон Конери почина денес на 90-годишна возраст, пренесува Би-Би-Си.
Тој беше првиот Бонд на големото платно и секако остана запаметен по улогата на славниот агент, кого го играше седум пати – во секое продолжение од 1962-1983 година.
Глумеше и во филмовите „Нескршлив“, „Име на розата“, „Лов на црвен октомври“, „Индијана Џонс“, „Последната крстоносна војна“ и многу други.
Во 2000 година, од страна на Кралицата, Конери беше прогласен за витез.
Неговата актерска кариера траеше неколку децении, беше награден со Оскар, две награди БАФТА и три Златни глобуси.
Во приватниот живот, има два брака позади себе.
Шон Конери се пензионираше и се повлече од јавноста во април 2011 година.