ПОЧИНА ФЕРУС МУСТАФОВ-КРАЛОТ НА РОМСКАТА МУЗИКА

Written by on мај 22, 2023

По кусо боледување ноќеска на 72 години почина кралот на ромската музика, Ферус Мустафов.

Мустафов ќе биде погребан во Штип, каде е роден и каде последните години живеел со семејството.

Мустафов е роден во Штип во ромско семејство на музичари. Неговата професионална кариера започнала на седумнаесетгодишна возраст, додека студирал виолина и кларинет.

Тој имаше богата кариера со голем број настапи низ целиот свет и остави големо музичко наследство.

Добитник е и на голем број награди меѓу кои и награда за Животно дело на Златна бубамара на популарноста 2022.

 

 


Current track

Title

Artist