Почина „таткото на рокенролот“!

Written by on мај 10, 2020

Легендата на рокенролот, американскиот музичар-пејач, пијанист и композитор, Литл Ричард, почина на 87-годишна возраст, јавуваат светските медиуми.

Синот на музичарот, Дени Пениман ја потврди информацијата за смртта на неговиот татко.

Литл Ричард се смета за еден од оснавчите на рокенролот. Се здобил со светска слава по неколку синглови како“Tutti Frutti”, “Long Tall Sally”, “She’s Got It” издадени во 50-те години од минатиот век. Тој бил инспирација за многу музичари, а неговите песни препеани: Битлси снимија неколку негови песни, вклучувајќи ja и “Long Tall Sally”.

Ролинг Стоунси, кои многупати биле негова предгрупа, зборуваа за него со голема почит.

„Литл Ричард ја доведуваше публиката до лудило. Нема зборови со кои можам тоа да ви го доловам “, изјавил во едно интервју Мик Џегер, пејачот на Ролинг Стоунси.

Toj беше и еден од првите музичари кои станаа членови на „Рокенрол холот на славните“ во 1986 година.

 


Current track

Title

Artist