Почина Селма од легендарната песна на „Бијело дугме“
Written by Р.Б. on јануари 29, 2021
Селма Бориќ, жената која беше инспирација за еден од најголемите хитови на „Бијело дугме“, почина на 92 години во Загреб.
Нејзината смрт ја потврди и поранешниот пејач на бендот, Жељко Бебек, кој на социјалните мрежи сподели фотографија од прославата на нејзиниот 90-ти роденден.
Владо Дијак го напишал текстот за една од најубавите рок балади во екс Југославија за Селма Бориќ , во која бил заљубен, а тоа никогаш не ѝго признал. Тој одлучил своите чувства да ги преточи во стихови, што ги отпеа Жељко Бебек, првиот и според многумина најдобар вокал на бендот, а музиката ја компонираше Горан Бреговиќ.
Селма Бориќ повеќе пати зборуваше за своето пријателствоо со Владо Дијак:
-Имав тогаш 16 години. Јас лежев со девојчињата на тревата, а Владо со момчињата лежеше отспротива. Ја скубеше тревата и постојано погледнуваше во мене. Изгледа дека веднаш се заинтересира за мене, а подоцна се сретнавме на корзото. Еднаш ме сретна со куфер, па ми го носеше куферот. Одевме кон станицата, па ми помогна да влезам во возот. Во тој воз имаше скршен прозорец, а тој тогаш ми рече: Селма не се наведнувај преку прозорецот“, раскажа Селма која пред неколку години гостуваше во хрватската телевизија.