Почина Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“

Written by on август 4, 2020

 

Од последиците на сообраќајната несреќа што ја доживеа минатата недела, почина Рајко Дујмиќ, легендарниот хрватски музичар и композитор, најпознат по својата работа со групата „Нови фосили“. По несреќата, во која се здоби со тешки повреди на главата, Дујмиќ беше во кома и приклучен на респиратор. По неколкудневна битка на интензивната нега – тој ја изгубил битката за животот.

Дујмиќ е роден во Загреб 1954 година. Од 1978 до 1990 интензивно работи со групата „Нови фосили“,  за која ги напиша некои од најголемите хитови, како „Милена“, „Тонка“, „Да те не волим“, „Кошуља плава“…

Соработувал и со други музичари, како „Сребрени крила“, Јасна Злокиќ и Јасмин Ставрос. Автор е на повеќе од 1800 песни. Во 1989 година, групата „Рива“ со неговата песна „Rock Me“ ја застапуваше Југославија на Евросонг и го освои првото место.

Смртта на еден од најпознатите музичари и композитори ги затекна сите на хрватската музичката сцена, зашто наспроти тешките повреди на Дујмиќ – некако се надеваа дека тој сепак ќе ја добие оваа животна битка. Во неговата вредна музичка оставнина Дујмиќ остави бројни хитови.

 

 

 


[There are no radio stations in the database]