Почина маестро Александар Џамбазов

Written by on јануари 25, 2022

Во 86-та година од животот почина маестро Александар Џамбазов, диригент и композитор, кој сиот свој работен век го мина во Македонската радио телевизија како диригент на Танцовиот и ревијскиот оркестар.

Маестро Џамбазов е иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца, „Златно славејче“ во Скопје.

Напишал неброено детски песни, сценска, хорска и филмска музика, за кои е добитник на педесетина стручни награди. Последните 25 години живееше тивко и нечујно. Но во годината 2000 го извлековме од тоа спокојство да ја прими златната бубамара за животно дело…. Спокоен пат, маестро!


Current track

Title

Artist