Почина легендарниот Ѓорѓе Марјановиќ

Written by on мај 15, 2021

Во 90-та година од животот почина пејачката ѕвезда Ѓорѓе Марјановиќ, јави РТС. Роден 1931, Марјановиќ беше врвно популарен во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на просторот на некогашна Југославија, но и во тогашниот СССР.

Првата плоча „Музика за игра“, која ја објавил 1959 година, се продала во 11 илјади примероци.  Неговите хитови: „Звиждук у 8“, „Стидљива серенада“ и „Плаво у плавом“ биле вистински хитови и публиката постојано ги барала на бис.

Учествувал на бројни фестивали на југословенската забавна музика и отпеал хитови, на кои многу генерации со задоволство се сеќаваат. Ширум Србија постоеле клубови на обожавателите на Марјановиќ, тн. „ѓокисти“,  кои тој редовно ги посетувал.

Од публиката се прости во мај 2004 со голем концерт во белградскиот Сава центар.

За неговиот 80-ти роденден, во октомври 2011, во Домот на синдикатите во Белград беше одржан голем концерт, на кој во чест на Марјановиќ настапија бројни музичари: Лео Мартин. Мики Јевремовиќ, Цуне Гојковиќ и др.

На одушевување на публиката, во јуни 2016, се појавил на фестивалот „Песна лета“ во Смедерево и на плејбек ги отпеал неговите најголеми хитови: „Звиждук у 8“, „Романа“ и „Никад није касно“.


[There are no radio stations in the database]