ПОЧИНА МУЗИЧКАТА ЛЕГЕНДА ЗАФИР ХАЏИМАНОВ

Written by on март 27, 2021

Зафир Хаџиманов, актер, пејач и композитор почина од корона вирус. Тој е роден во 1943 година во Кавадарци. Беше оженет со Сенка Велетанлиќ со која го има синот Васил Хаџиманов, кој пак е познат џез музичар.

Зафир Хаџиманов гимназијата и музичкото училиште го завршува во Скопје, каде почнува да создава музика и да игра во театар. Дипломира глума во Белград на ФДУ во 1967 година. Додека студира настапува како пејач на поп музика за која сам ги пишува текстовите. Негови познати хитови се: “Како Вардар”, “Не се давај Скопје”, “О љубов неверна”, “Љубов или панаѓур”, “Љуби ме и главата горе” и други.

Во 2002 година ја добива наградата за животно дело на Златна бубамара на популарноста.


Current track

Title

Artist