Почина Балашевиќ – панонскиот морнар отплови во вечноста
Written by Р.Б. on февруари 19, 2021
Омилениот кантавтор, 67-годишниот Ѓорѓе Балашевиќ почина за време на лечењето од ковид 19 на Клиничкиот центар Војводина. Хоспитализиран беше пред два дена.
Новосаѓанец по потекло, Балашевиќ сакал да биде фудбалер, пееше како панонски морнар, а остана едно од омилените музички имиња во поширокиот регион.
Духовитиот хит „У раздељак те љубим“ со продадени 180 илјади синглови беше успех во југословенски размери. Настапуваше со групите „Жетва“ и „Разни мраз“, а од 1982 година започна соло кариера.
Објави вкупно 14 албуми. Запишал студии по географија, кои никогаш не ги завршил, но по повод 50-годишнината од Новосадсиот универзитет – врачена му е почесна диплома. Сепак најголемата диплома на Балашевиќ беа десетиците хитови, кои сите ги знаеја и со задоволство ги пееја.
Низ кариерата го следеа, многу добри вибразии, но и многу оспорувања. Многумина му забележуваа што ја сними „Рачунајте на нас“, а тој велеше: „Таа песна ја напишав пред 30 гоидни. Да го убиев Тито досега ќе излезев од затвор“.
Балашевиќ беше голем критичар на Милошевиќ, а во неговите песни секогаш имаше и доза на потсмев кон апсурдите на модерното време. Познат е како автор на многу духовити и критични песни, но, најпознат е по некои од најубавите љубовни балади во регионот.