Поранешната Фрајла храбро ја продолжува својата самостојна кариера-Марија со втор сингл „Моја душа“ за кој ги напиша и текстот и музиката!

Written by on март 18, 2022

Kантавторката Марија Мирковиќ, која ја започна својата музичка кариера со групата The Frajle, за која ги напиша некои од нивните најпознати хитови, за помалку од една година од нејзината соло кариера, го објави својот втор сингл.

„Моја душа“ е насловот на новата песна, емотивна композиција во чии зборови ќе се препознаат многумина, а Марија и даде свој, сега веќе, препознатлив музички печат.

За песната сними и прекрасно музичко видео во Истанбул, за кое беше задолжена режисерката Сандра Михаљевиќ, која се потруди, овој пат, љубовната авантура во новиот сингл, визуелно да ни ја прикаже на некои од најубавите локации во градот на Босфорот.


[There are no radio stations in the database]