Поранешната Фрајла, Марија Мирковиќ за првиот соло-сингл: Песната сама се избори за публика

Written by on јануари 3, 2022

Песната „Пожури, пожури“ на поранешната Фрајла, Марија Мирковиќ, регионално е пречекана со големи симпатии. Тоа е првиот нејзин соло-сингл, откако ја напушти групата „Фрајле“, во која членуваше 12 години и за која напиша многу од нивните хитови.

-Да, ја напуштив групата токму кога „Фрајле“ веќе имаа постигнато сериозен успех кај публиката, но тој успех дојде некако доцна, кога јас веќе имав други планови. Така што ова можеби не е нов почеток, туку различно продолжение. Продолжувам во друга насока – вели Марија во интервју за Бубамара радио.

Симпатична и насмеана, Марија во интервјуто зборува за новите самостојни иницијативи, кои храбро ги презема, главно во соработка со музичари од хрватската музичка сцена. И песните што ги напиша за Алка Вуица и за машкиот вокален квартет „Кaмби“ имаа голем успех кај публиката, слично како и нејзината прва самостојна песна „Пожури, пожури“.

-Песната навистина постиgна убав успех. И сама се избори за тоа. Јас се потрудив да ја промовирам, но не ќе успеев ако не и се допаднеше и на публиката – вели Марија.

Целото интервју со Марија слушајте го на линкот:

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fsoundcloud.app.goo.gl%2FmoNdd2yU2W2Rf98v6%3Ffbclid%3DIwAR1psyDqP3Q7dU_T4PP3frZ5kEC8xhaiVnbfx5V0yNY6FI4IxxJxuASxQ3k&h=AT0MBIrdfB-LtIoIi5G63LEkHXRhWrsK0luPUQae48euEk89fwy-NLj0hyksk8tls460nwomqgUST2StA10pXZXFVGO-BZkNxJi_XEErKlh6HA6hyB-aHb2rgJq-XvC4MQ4


[There are no radio stations in the database]