„Поново“ – последната песна на Аки Рахимовски

Written by on јануари 27, 2022

Денес, четврток, 27.01. во 15 часот, во време кога во Загреб се одржувашe церемонијата на испраќањето на Аки, премиерно на Радио Бубамара можевте да го слушнете последниот сингл на „Парни ваљак“ – песната „Поново“, последната песна на Аки Рахимовски.

Повеќе од 150 регионални радио-станици во исто време го емитуваа синглот, и на тој начин, испративме последен поздрав до музичкиот великан.

Текстот и музиката за синглот „Поново“ се напишани од Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој заедно со Аки создаде совршена симбиоза, која пак песните на Парни ваљак ги претвори во безвременски хитови за сите генерации.

Имено, Кроација рекордс и „Парни ваљак“ во спомен и чест на Аки ја покренаа оваа иницијатива преку која, на посебен начин, се простија од легендарниот пејач.


[There are no radio stations in the database]