Пол Макартни најави нов албум

Written by on јуни 22, 2018

Сер Пол Макартни го најави својот прв албум по пет години, „Египетска станица”, што тој го опиша како еден вид музичко патување, во кое секоја песна истражува нова област.

Легендата на „Битлси“ изјави дека албумот ќе излезе на 7 септември, а ќе го најават две песни, „Дојди кај мене” и баладата „Не знам”.

Макартни го сними албумот во Лос Анџелес и Велика Британија со Грег Курстин, славниот американски продуцент, кој работеше на мега-хитот на Адел, „Хелоу”.

Инаку тој  е еден од двајцата живи членови на славната четворка, а лани гостуваше на соло албумот на Ринго Стар. Иако наполни 76 години во понеделникот, тој покажа голема енергија во последните години и одработи светска турнеја во 2016 и 2017 година.


Current track

Title

Artist