Петар Грашо ја најави новата романтична балада

Written by on декември 3, 2021

Петар Грашо на 11 февруари следната година, ќе одржи концерт во Сплит арената, а на 26 февруари ќе пее во Загребската арена, а како увертира на овие настапи, на инстаграм ја најави новата песна „Јел ти река ко“, прекрасна балада која ги воодушеви неговите фанови.

„Мислам дека ова е песна која сигурно ќе остане и ќе трае долго. Имаме претензии да некако сите наши песни опстојуваат повеќе од една година и во тоа успеваме последните 25 години. И сега очекувам и се надевам да им се допадне песната на луѓето, бидејќи многу работевме и плетевме вез по вез, се додека не добиеме целина од која ќе се наежиме“, изјави Грашо.

Видеоспотот за песната кој ќе биде промовиран во понеделник, е спој на Истра и Далмација, а од понеделник новата песна на Грашо ќе ја слушате и како Хит на Радио Бубамара.


[There are no radio stations in the database]