Петар Грашо и Тончи Хуљиќ заедно ја испеаја „Инаморана“

Written by on април 14, 2021

Песната „Инаморана“ што Тончи Хуљиќ и Петар Грашо деновиве ја снимија заедно е своевидна ода на љубовта, за која двајцата музички мајстори снимија и многу духовито видео.

Хуљиќ откри дека со Грашо работат на финиширањето на неговото ново цеде, па бидејќи се постојано заедно во студио, некако природно дошло и заедно да снимат – песна.

-Јас се нешто посакувам да го отпеам тоа што сум го напишал за него и да ја упопастам работата, тој пак сака да пее нешто што осум напишал за себе и така се најдовме на половина пат – изјави Хуљиќ.

 

Новата песна ја прокоментира и Грашо.

-Во проектот „Мадре Бадеса“ на Тончи се вљубив на прво слушање и среќен сум што бев и што останав дел од таа приказна. Не сум наклонет кон дуети, но соработката со Тончи одамна не е службена, туку и длабоко пријателска, така што ова не ни можам да го наречам соработка, туку заедничка идеја на двајца пријатели – вели Грашо.

 

Духовитото видео зборува за една класична замена на ситуации. Ликот на Хуљиќ низ прозорецот ѕирка на соседната тераса каде убавата сосетка подготвува чај за двајца. Додека тој се дотерува за посета, соседот над него, кој го игра Грашо, веќе пристигнува на интимното пиење чај.

Ликот на Хуљиќ добива утринско кафе од мајка си, а кога таа ќе праша дали му треба уште нешто, тој резигнирано одговара: „20 години помалку, мамо“.

Песната „Инаморана“ е насловна нумера на истоименото цеде на Тончи Хуљиќ и групата „Мадре Бадеса“, кое излегува за една недела. Веќе се појавија и неколку други најавни синглови за новото цеде, меѓу кои особено внимание привлече песната „Лудата Маре“, длабоко емоционална приказна отпеана на старо сплитско наречје, кое малкумина се уште го говорат.

 


[There are no radio stations in the database]