Песната и спотот за „Лепе лажи“ се увертира за премиерата на филмот на Душан Ковачевиќ „Није лоше бити човек“!

Written by on ноември 1, 2021

Промоција на песната „Лепе лажи“ и спотот за истата, за најновиот филм на Душан Ковачевиќ „Није лоше бити човек“, се одржа во саботата во Џез кантината „Лисабон“, во белградската „Комбанк сала“, со дел од актерската и авторската екипа.

Песната е компонирана од авторот на музиката за филмот Момчило Бајагиќ Бајага во соработка со неговиот колега од „Инструктори“, Саша Локнер, текстот е дело на Душан Ковачевиќ, а заедно ја изведуваат Лена Ковачевиќ и Гордан. Кичиќ.

Бајага за прв пат во кариерата е и копродуцент на филмот кој премиерно ќе биде прикажан на 7 декември во „Комбанк сала“ во Белград. Претходно ќе биде објавена и музика од филмот, и тоа на плоча.

Во овој филм како актерка дебитираше Лена Ковачевиќ, познатата поп пејачка.


[There are no radio stations in the database]