Парни Ваљак со спектакл во Белград!
Written by Р.Б. on ноември 11, 2019
Легендарните „Парни Ваљак“ или балканските „Rolling Stones“, со прекрасен концерт во „ Штарк арена“, ја воодушевија белградската публика на 9 ноември и со тоа „старите волци“ докажаа дека не живеат на стара слава.
Новиот албум „Вријеме“ и песните на него, како и добро познатите стари хитови на „Ваљак“, „Све још мирише на њу“, „Јесен у мени“, „Заставе“, „Моја је пјесма лагана“, „Угаси ме“…
ги пееше заедно во еден глас публиката во „Штарк арената“.
15000 фанови на 9 ноември во Белград уживаа во спектаклот на неуништивите „Парни Ваљак“.
Kakav provod u Beogradu! 🤩 Hvala agenciji Long Play, našoj cijeloj ekipi i svima koji su pjevali s nama!Next stop – Amsterdam, 16.11. 🇳🇱 #Runda44
Posted by Parni Valjak on Недела, 10 ноември 2019
Бендот познат по рок спектаклите со гласно озвучување и светлосни ефекти, и овојпат се надмина, а незаменливиот и неуморниот Аки Рахимовски, играјќи и скокајќи по сцената покажа дека има сосема доволно енергија за уште многу, многу музички патувања.
Инаку концертот во Белград е во рамките на турнејата„Рунда 44“, симболично именувана по бројот на годините колку овој бенд постои.
фото: фб Парни Ваљак