Пандемиската Златна Бубамара в недела – Ќе преживееме!!!

Written by on март 26, 2021

Овогодишното 24. Вонредно пандемиско издание на Златната бубамара на популарноста пристигнува в недела, 28 март, на Канал 5.

Под мотото „И ова ќе го преживееме“, манифестацијата прави пресек на изминатата 2020 година, обединувајки ги најпопуларните музичари и уметници од земјава и од регионот околу идејата – големата заедничка 3-часовна забава, замислена како прослава на радоста на живеењето, да им се посвети на здравствените работници и на севкупниот медицински персонал, кои се вистинските херои на новото време.

На манифестацијата ќе бидат доделени награди во повеќе традиционални категории, а годината, таква како што беше, наложи и неколку нови категории – како, на пример, најоптимистички хит на годината, пандемиски хит и др.

Бидете одговорни, останете дома и гледајте Златна Бубамара во недела, 28 март, на Канал 5. Буба мара за здравје и на здравје! Подобро-здравје!


[There are no radio stations in the database]