Од Колдплеј до Јо-Јо-Ма: концерти од домашна изолација

Written by on март 27, 2020

 

 

Поради пандемијата со коронавирусот, музичките ѕвезди стримуваат концерти во живо – од домашната изолација. Велат, за малку животна радост и забава во време кога речиси секаде животот е ставен на пауза.

Организацијата „Global Citizen“, фокусирана на борба со глобалната сиромаштија, објави серија такви настапи, под насловот „At Home Together (Заедно дома)“. Деновиве, хит е серијата снимки со Крис Мартин, фронтменот на „Колдплеј“, постирани на Инстаграм, на кои тој пее некои од најголемите хитови на групата и им се обраќа на гледачите низ светот, во нивната изолација.

 

И Џон Леџенд стримуваше концерт во цикусот „Заедно дома“, на кој присуствуваше и неговата сопруга, моделот Криси Тајген.

Пинк ја отпеа песната на Адел „Make You Feel My Love“ во живо на Инстаграм, а Кит Урбан сподели снимка на која свири и пее заедно со својата сопруга Никол Кидман. Многу познати двојки од светот на естрадата и шоу-бизнисот го прифатија овој предизвик за стримнг, дури и дневен, зашто „што друго би правеле“ во ова застанато време.

Челистот Јо-Јо Ма на Твитер постираше видео со Баховата „Сарабанда“, специјално посветено на сите здравствени работници на првите линии на фронтот. „Вашата способност да ја балансирате ќовечката поврзаност и научната вистина во сервис на сите нас – ми дава надеж“, вели познатиот челист во својата објава.

 

Мајли Сајрус постираше на социјалните мрежи шоу, насловено „Светли мисли: Во живо со Мајли“, кое го објавува секој викенд на Инстаграм. Првата епизода од шоуто беше разговор со психијатар за задржување на позитивниот однос во време на изолацијата.

 


Current track

Title

Artist