Нокаут со нова песна – „Кога ме сакаш ти“

Written by on октомври 18, 2018

На нешто повеќе од еден месец до јубилејниот концерт, закажан за 23 ноември во СРЦ Кале , Нокаут промовира нов спот за нова песна.

Синглот со наслов „Кога ме сакаш ти”, е најава за новиот, четврт по ред албум на бендот. Автор на музиката е Дарко Димитров, текстот го напиша Огнен Неделковски, со што е реализирана првата заедничка соработка помеѓу Огнен и Нокаут.

Песната е снимена во Студио Перевски и Студио Димитрови, миксот е направен во Студио Димитрови, а аранжманот и продукцијата се на Никола Перевски и Дарко Димитров.


Current track

Title

Artist