Нов хит на Тамара – „Слобода“ на првиот посткарантински ден

Written by on мај 27, 2020

Од музичката работилница на Дарко Димитров, на текст на Игор Џамбазов, излезе новиот хит на Тамара, насловен „Слобода“. Песната ќе има ексклузивна промоција вечерва во 19 часот на Радио буба мара. Во времето кога инаку би стартувал полицискиот час – ќе стартува „Слобода“, а од утре, „Слобода“ можете да ја слушате и секој втор час како хит на Буба мара радио.

 

Тајмингот за промоција на новата песна, совршено кореспондира и со нејзиниот текст, кој кокетира со од денес укинатиот полициски час и со последиците што овој изминат период ги остави врз нас. Во песната се вели: „Од брзање забавени, од стоење задишани, доживотно налутени, такви сме си среќни, намуртени“, а рефренот порачува: „Нека оди се што не чини низ водата, нека биде ова песна за слободата…“.

Чувајте ја слободата!


[There are no radio stations in the database]